Поврзи се со нас

Македонија

Конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови, во Гостивар 250 места

Објавено

на

Министерството за образование и наука објави Конкурс за прием (сместување и исхрана) на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година.

Според конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, во 18 ученички домови низ државата слободни се вкупно 2500 места. Од нив, 824 се во пет ученички домови во Скопје.

Во ученичкиот дом во Битола има 310 легла, во Велес 221, во Гостивар 250, Кавадарци 100, Куманово 120, Кратово 33, Крива Паланка 60, во Македонски Брод 50, Охрид 120 легла, Свети Николе 106, Струмица 96, Струга 140 и во ученичкиот дом Штип се на располагање 70.

Како што е наведено во конкурсот, првенство при прием ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови.

Во конкурсот се наведени условите што треба да бидат исполнети, потребната документација за аплицирање и начинот и постапката за прием на учениците чии пријави ќе бидат прифатени.

Учениците кои ќе се пријават на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.

Рокот за пријавување на учениците кои се запишани во I, II, III и IV година почнува од 25 јуни 2024 година и трае до 10 јули 2024.

Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите „Искра” во Штип и во скопските ученички домови  „Партенија Зографски”, „Димитар Влахов“ и „Свети Наум Охридски” не пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување од 1 јули 2024 до 10 јули 2024.

Листата на примени ученици ќе биде објавена на веб-страницата на МОН и на огласната табла на домот најдоцна до 19 јули 2024.

По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од три дена кој се поднесува во Министерството за образование и наука.

-Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15 август 2024 година се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови. Вселувањето на примените ученици во домовите ќе почне од 31 август 2024., се наведува во конкурсот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 52 минути

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 2 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 3 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 16 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 18 часа

Денарот слави 32 роденден

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

До 30 април пријавување на болни и немоќни за гласањето на 8 мај

Македонијапред 22 часа

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 23 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 1 ден

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена