Македонија
Координативно тело за попис на Турците: Има помалку попишувачи Турци и апликацијата не функционира на турски јазик

„Електронската апликација за Пописот 2021 не функционира на турски јазик, а при избор на реонски инструктори и реонски попишувачи не е запазена етничката структура, така што има вкупно 73 реонски попишувачи од Турскиот народ во РСМ помалку од предвиденото“, реагираат од Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Република Северна Македонија.
– Ние – Националното Координативно Тело за Пописот на Турскиот народ во РСМ, како најголем орган што ги пренесува ставовите на Турскиот народ во РСМ, очекуваме горенаведените забелешки да бидат решени во најкраток можен рок, како пописот би продолжил во позитивна насока, се вели пишаната реакција што ја испратија денеска од ова национално координативно тело.
Приговорите, се вели во соопштението, се испратени до директорот на Државен завод за статистика Апостол Симовски, заменик директорот на Државен завод за статистика Илми Селами, министерот за правда Бојан Маричиќ и до заменик министерот за правда Агим Нухиу.
За пропусите, исто така, известени се и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Артан Груби.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја