Македонија
Ковачевски со највисоки државни и воени почести го пречека Еди Рама

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска официјално го пречека претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама. Со највисоки државни и воени почести македонската владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, ја пречека албанската владина делегација предводена од премиерот Рама.
По официјалниот пречек, премиеритеќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува меѓувладината седница на која што Ковачевски и Рама ќе имаат воведни обраќања, по што ќе следува дискусија помеѓу владините делегации на двете држави.
Воедно, на денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти.
По завршувањето на меѓувладината седница, премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава