Поврзи се со нас

Гостивар

Кризен штаб Гостивар: Да се пријават за лиценца аптеки и маркети дежурни за викендот!

Објавено

на

Кризниот штаб на Гостивар се координира околу обврските за престојниот викенд, кога ќе биде на сила целосен, дводневен карантин. Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен список на дежурни аптеки и маркети. На услуга на граѓаните ќе бидат и одредени сендвичари, пицерии и слично, кои храната ќе ја носат до домовите.

Надлежните ги повикаа сопствениците на аптеките и маркетите кои се заинтересирани да работат во текот на викенд полицискиот час, да се пријават најдоцна до утре до 12 часот.

„Пријавувањето треба да го направат во информативниот центар на Општина Гостивар, до утре до 12 часот, за да можеме потоа ние, како Кризен штаб да направиме список, да го објавиме јавно и да го доставиме до полицијата.“, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Општина Гостивар отвори и два телефонски броеви на кои граѓаните може да се јават за потребните продукти да им ги набави и дистрибуира општински мобилен тим. При тоа трошокот за набавка го покрива самиот граѓанин, а доставата е бесплатна.

Телефонските броеви се:

072 577  713  и 072 577 741

Иста услуга овозможува и мобилна екипа на општинската организација на Црвен крст во Гостивар.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена