Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Летно-зимско време…Кои се последиците од поместувањето на часовникот

Објавено

на

Часовниците викендов се префрлија од зимско на летно сметање на времето. Но, последниве неколку години сѐ поголем број лекари се против тоа „поместување на стрелките“… Се верува дека тоа е причина за своевидно нарушување на спиењето и предизвикува тн. социјална нерамнотежа во спиењето. Оваа појава се јавува како последица на десинхронизација на внатрешниот и надворешниот ритам на будност и сон. Притоа луѓето обично имаат несоница, прекумерна поспаност или и двете, што обично завршува откако „внатрешниот часовник“ ќе се прилагоди, т.е. „ќе се ресетира”.

Истражувањата покажаа дека „социјалната нерамнотежа во спиењето“ предизвикува дијабетес, ја зголемува и опасноста од срцеви заболувања и мозочен удар, го влошува расположението, вклучително и на можна депресија и негативно влијае на дигестивниот и ендокриниот систем. Според стручњаците, тоа може дури и да го намали животниот век.

„Доказите го поддржуваат усвојувањето стандарден систем за времето во целата година што се усогласува со деноноќниот ритам на луѓето и обезбедува здравствени придобивки“, се вели во извештајот на Американската академија за медицина на спиењето.

Поради овие последици, оваа институција ја повика Владата на САД да го откаже менувањето на времето. Сенатот го усвои овој предлог во март 2022 година, но Претставничкиот дом ја поништи таа одлука.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена