Гостивар
Лимани: Општина Гостивар секогаш ги поддржува младите и нивните иницијативи

„Општина Гостивар е меѓу водечките, кога станува збор за поддршка на младите, нивните идеи и визии. Младите за нас секогаш биле приоритет. Не може да кажеме дека сме направиле се‘, секогаш може повеќе и подобро, а ние се трудиме младите да го добијат местото во заедницата што го заслужуваат. Секогаш покажуваме разбирање и пружаме поддршка на потребите и барањата на младинските здруженија, како и на неформални иницијативи кои во фокусот ја имаат младината.“, подвлече претседателот на Советот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани на денешниот настан што се одржа во YCC – Гостивар во рамки на проектот “(Локално) Младинско учество е важно”.
Гостивар е една од осумте општини во Македонија, во која се реализира проектот, што го имплементира Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) – Куманово.
„Се надеваме дека ваквите проекти ќе ги поттикнат и мотивираат младите, што повеќе да се вклучат во активности и одлучувачки процеси. Како општина, подготвени сме за поддршка на нови идеи и иницијативи на младите. За жал, Советот на млади поради пандемијата беше пасивен, но се прават напори да се реактивира, да се избере нов состав, кој ќе спроведува низа активности во интерес на младите“, рече Лимани.
Проектот “(Локално) Младинско учество е важно” е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во РСМ.
„Главната цел на проектот е вклучување на младите и промовирање на нивно активно учество во процесите на носење одлуки и креирање политики преку процеси на застапување и граѓански активизам поврзан со сферите на социјална кохезија, човекови права, мултикултурализам и демократија на локално и национално ниво. Воедно, во рамки на овој проект ќе се работи на воспоставување на младински центри во осумте општини во земјата преку блиско партнерство со локалните власти и подмладоци на политички партии. На денешниот настан во Гостивар присутните имаат можност да се запознаваат со локалните чинители со Законот за младинско учество и младински политики. Воедно, да се запознаат подетално и со активностите од самиот проект и начинот на кој што ќе можат да се вклучат во истите и да дадат свој придонес во целокупните процеси.“, изјави Тамара Петковска, проектен координатор.
Освен во Гостивар проектот се спроведува во општините: Куманово, Липково, Маврово и Ростуше, Тетово, Теарце, Струга и Чаир.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022