Гостивар
Литургија во Гостивар во чест на Духовден, богослужеше владиката г.Јосиф

По повод денешниот христијански празник Педесетница – Духовден, митрополитот тетовско -гостиварски г.Јосиф богослужеше света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица“ во Гостивар, на која верниците се причестија со светите тајни.
По литургијата се отслужи и вечерна богослужба на која беа прочитани молитви за призив на Светиот Дух.
Во својата беседа митрополитот г.Јосиф меѓу другото истакна:
„Денешниот ден е ден во кој се открива Тајната на Пресвета Троица, исто онака како што таа била откриена и при Христовото крштение. Затоа овој ден, освен Педесетница и Духовден, се нарекува уште и Света Троица. Светата Педесетница се смета и како роденден на Црквата Христова. На овој ден таа ги примила благодатните дарови на Светиот Дух, коишто ја сочинуваат нејзината таинствена суштина. Црквата не би можела да живее без Духот Свети. А ние, нејзините членови, за да го стекнеме Духот, треба да го живееме светотаинскиот живот на Црквата.Колку е голема таа сила на Светиот Дух, која не знае за граници и прегради. Таа сила ја раѓа верата во срцето на човекот, ја преродува човечката душа, и го води секој од нас по патот на вечното спасение. Прославувајќи го денеска Светиот Дух, да се помолиме на Севишниот Он да ја испрати благодатта на Светиот Дух и врз нас. Да ни испрати дух на премудрост, дух на разум, дух на благородие и дух на вера. Па така, да го одиме нашиот христијански пат во правда и вистина. Амин.“
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето