Гостивар
Лукаревска во посета на Центарот за аутизам во Гостивар, даночниците донираа опрема

Центарот за аутизам Blue Puzzle во Гостивар ги прошири можностите во пружањето терапевтски услуги за дечињата со аутистичен спектар со нови помагала. Опремата е донација од даночните работници традиционално во рамки на одбележувањето на Денот на даночниците. По тој повод денес во посета на Центарот беше директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
„Сакам да се заблагодарам на сите колеги кои се дел од оваа хуманитарна акција. Како општествено одговорна институција, посветено и постојано вложуваме во развој и создавање на еднакви можности за сите. Оваа година дониравме опрема во здружението на родители на деца со аутизам Blue Puzzle во Гостивар и навистина ми е драго што оваа донација ќе значи помош во секаква смисла на зборот и за родителите и за дечињата. Овде во центарот имавме одлична презентација од страна на вработените. Мислам дека придонесуваме соодветно онаму кадешто е најпотребно секоја година. Поддршката во младите е влог во идните генерации.“, рече Лукаревска.
Тимот од Центарот изрази благодарност, пред се‘ за посетата и вниманието, како и за донацијата, за која рекоа дека ќе биде од важност за децата.
„Се заблагодарувам на директорката за посетата. Секоја посета на нашиот Центар сама по себе значи многу. Би ги повикал сите јавни институции да ја почувствуваат оваа позитивна вибрација, да се мотивираат и тие да се вклучат со поддршка на ваквите центри. Донацијата за нас значи многу, затоа што со опремата ја збогатуваме програмата на сензорната интеграција“, рече Валон Емини од Blue Puzzle.
Донацијата се состои од специјална трака што ќе служи за терапија и други справи за сензорна интеграција кои придонесуваат за развивање на моториката, вниманиетото, концентрацијата итн.
Центарот во Гостивар го посетуваат околу 40 деца, кои добиваат индувидуални терапии од стручни лица.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава