Македонија
Македонија од денеска останува без градоначалници
Денеска им стекува мандатот на градоначалниците и на советниците во општините, а локални избори сè уште не се распишани. Претставници на парламентарните партии за денеска предвидено е да се координираат за определување датум за локалните избори.
Доколку на координацијата политичките претставници се согласат за датум за одржување на локалните избори, може веднаш да се одржи собраниска седница за измени на законите со кои би им се продолжил мандатот на градоначалниците.
ЗЕЛС во два наврати апелираше дека ќе настане целосна блокада на општините, ако не се најде соодветно законско решение.
Завчера претставници на партиите во Собранието имаа средба во законодавниот дом. На средбата присуствуваа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски од СДСМ, Зекирија Ибраими од БЕСА, Садула Дураку од ДУИ и Луан Треси од ДПА, но не кажаа за што разговарале.
Извор: Макфакс
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди