Поврзи се со нас

Спорт

Македонските ракометари вечерва го играат првиот од двата натпревара со Чешка во баражот за СП

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација вечер гостува кај Чешка во првиот меч од пресметката за пласман на Светското првенство 2023.

Селекторот Кирил Лазаров верува дека со максимална ангажираност негова и на неговите избраници може да се дојде до добар резултат пред реваншот во Скопје.

Лазаров кој ќе ја има и улогата на капитен на теренот, смета дека Чешка е посилна од претходниот ривал Романија.

– Ако треба да ја споредам Чешка со Романија, можам да кажам дека 15 до 20 отсто се работи за повоиграна репрезентација, иако не треба да се занемари квалитетот на Романците. Нема да не плаши тоа, имаме јасна идеја, можеби ќе ѝ ја препуштиме фаворитската улога, меѓутоа ние сакаме Светското првенство и спремни сме да го дадеме нашиот максимум да дојдеме таму. Мислам дека многу ќе ни значи уште еден настап на Светско првенство со оваа нова генерација. Спремни сме за предизвикот, рече Лазаров.

Натпреварот ќе се игра во Злин со почеток во 20 часот и 15 минути, реваншот е в недела во Скопје (19 часот).

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 4 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена