Поврзи се со нас

Македонија

Макпетрол Инфо Поинт: Совети за дезинфекција на возилата

Објавено

на

Коронавирусот не е шега, па затоа почитувајте ги мерките за заштита. Дезинфекцијата е клучна за спречување на ширењето на коронавирусот. Како што редовно треба да ги миеме рацете и да ги чистиме површините во домот, така е неопходно да се вршидезинфекција и на вашето возило.

Секогаш е добро да се преземаат мерки за заштита, па затоа во продолжение следуваат неколку совети за чисто и безбедно возило.

Средствата за дезинфекција на домот се сосема доволни. Користете алкохолни марамчиња или, пак, вода, крпа и обичен сапун за чистење на цврстите пластични делови на кабината. Откако ќе завршите со внатрешностана возилото, не заборавајте да ги исчистите надворешните рачки на вратите. За да не пропуштите и да не заборавите некој дел, најдобро е додека чистите да размислувате каде би можеле најчесто да завршат капките кои се исфрлаат при зборување, кивање или кашлање. Ако често се вртите лево-десно додека возите, тогаш освен воланот и предното стакло, убаво исчистете го и возачкиот прозорец и деловите околу него, како и централниот дел меѓу предните седишта.

Не брзајте и убаво исчистете ги сите копчиња, инструменттаблата, радиото и уредот за навигација. Секако дека не треба да се заборават ниту воланот, менувачот иконтролните механизми за вентилација. За сите електрични делови и копчиња најдобро е да користите марамчиња за дезинфекција или микрофибер крпа со средство на база на алкохол.

Не заборавајте на текстилот и меките површини на седиштата и вратите, но и на делот кај нозете. Истражете од каков материјал се изработени седиштата и подот и користете средство за чистење на таков материјал. Доколку немате услови за такво нешто, секогаш добро ќе завршат работа и марамчињата за дезинфекција.

Ако имате деца, тогаш размислувајте како деца. Особено внимавајте на задниот дел од предните седишта, прозорците и рачките на вратите, едноставно, сѐ што децата би можеле да допрат. Одвојте време и за чистење на прекривките, играчките или некои предмети кои децата ги чуваат во возилото.

Откако добро ќе го исчистите возилото, не заборавајте да го задржите во таква состојба што подолго време. Користете дезинфекциски средства или марамчиња на база на алкохол во возилото. Опремете се со гел за дезинфекција на база на алкохол, ракавици и маски и редовно по секоја употреба на возилото извршете дезинфекција на сите делови што биле на дофат на рацете.

Доколку запирате или излегувате од возилото секогаш користете ракавици, кои ќе ги отстраните од рацете пред да влезете во возилото. Избегнувајте да користите ракавици за повеќе употреби, бидејќи може да станат извор на вируси и бактерии.

(комерцијална објава)

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 1 час

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 3 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 6 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 8 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 10 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 11 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 12 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 14 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 14 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена