Поврзи се со нас

Гостивар

Малите ангели од Гостивар порачаа „Многу ве сакаме“!

Објавено

на

Со пригодна свеченост на која беа доделени плакети на благодарност, здружението на лица со посебни потреби „Заедно можеме“ од Гостивар, ги заокружи активностите за 2019-та година. Во текот на годинава, здружението спроведе триесетина проекти, а од своето постоење педесетина, сите за помош и поддршка на лицата со посебни потреби, со акцент на децата.

„Во име на овие ангели кои се покрај вас, а кои имаат душа чиста како солза, ќе ја пренесам нивната порака: “Ние многу ве сакаме“… Многу ве сакаме затоа што вие бевте оние кои на бесконечниот мрак на нашите животи ни дадовте светлина, за да и ние го видиме светот како што сте го виделе вие, уште од првите мигови на вашиот живот. Оваа свеченост ја организираме за да покажеме почит кон сите луѓе со добра волја. Главните столбови што го држат овој свет се добрите луѓе и овие ангели. Се додека постојат, светов ќе опстане“, рече претседателот на здружението, Шпенди Салија.

Плакети во знак на благодарност за поддршката им беа доделени на градоначалникот Арбен Таравари, муфтијата Ефенди Фетаху, пратеничката Дафина Стојановска, потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, директорот на Центарот за култура Ход Мифтари, педијатарот Ферит Муча, Надица Величкоска, директор на Центарот за социјална работа и други триесетина соработници и поддржувачи. Плакети добија и локалните медиуми, меѓу кои и Gostivarpress.mk.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 12 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 13 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 15 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена