Гостивар
Марихуаната и кокаинот се‘ почести меѓу младите во Гостивар, родителите да отворат очи

Загрижувачки се трендовите на злоупотреба на дроги кај младата популација во гостиварското подрачје. Не ретко пробувањето на наркотични средства од љубопитство, или заради друштвото, знае да прерасне во сериозен проблем и зависност. Стручните лица нагласуваат дека е вклучен црвен аларм. Како најважна причина за губењето контрола и запаѓањето во канџите на дрогите, го посочуваат недоволното внимание на родителите. Психолозите потенцираат дека тие не се вклучени во животот на децата и честопати не ги ни забележуваат сериозните проблеми со дрога.
Најзастапени меѓу младите се марихуаната и кокаинот, а има примери и со злоупотреби на хероин. Патот до излекување од дроги е тежок и макотрпен, велат психолозите, нагласувајќи дека од хероин само мал број зависници успеваат да се отргнат, а најчесто почнуваат да ја земаат на тинејџерски години.
Социјалните служби во Гостивар се соочиле со пример кога родителите не знаеле дека нивното дете користи хероин цели пет години.
„Ова е такво време, треба да се вардат децата, зборувајте со нив, следете го нивното однесување, промени во расположение, навики. Сите показатели кажуваат дека родителите најдоцна дознаваат дека децата им се дрогираат. Сме имале пример кога велат „не знаев дека пет години е на хероин“. Како е тоа можно. Зарем не виделе дека тој млад човек, нивното дете по цел ден спие, има отсутен поглед, незаинтересиран е за ништо…Има една родителска изрека „пушти ме раат“, „еве ти пари, телефон и пушти ме раат“, затоа и се случуваат вакви работи. Родител е функција, улога важна во секој живот и не смее да се занемари.“, рече Билен Карахасан, психолот во Центарот за социјала – Гостивар.
Според сознанијата на службите кои се занимаваат со оваа проблематика, најчесто проблем со дроги имаат децата кои не добиваат внимание до родителите и во кои семејства не постои блискост и отвореност.
Според податоците од Секторот за внатрешни работи Тетово во првите 6 месеци од оваа година на подрачјето биле евидентирани 55 кривични дела од областа на недозволена трговија со дроги, што е 13 повеќе во споредба со истиот период лани. Полицијата, исто така изготвила и 30 барања за поведување на прекршочна постапка за сторени прекршоци, поврзани пред се‘ со уживање на наркотици.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар