Поврзи се со нас

Гостивар

Матурантите од Гостивар деновиве ќе слават – полицијата апелира да не прават бељи

Објавено

на

Во пресрет на традиционалните матурски прослави, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до матурантите да се воздржат од користење на возила до угостителските објекти и назад и посебно ако немаат положен возачки испит и непоседуваат валидни дозволи.

„На матурантите им се укажува, исто така, без разлика дали поседуваат возачки дозволи или не, да не седнуваат зад волан во алкохолизирана состојба и на друг, побезбеден начин, да го организираат превезувањето кон угостителските објекти или нивните домови. Истовремено ги потсетуваме матурантите и да се воздржат од  нарушување на јавниот ред и мир, преку иницирање или учество во тепачки, пуштање  прегласна  музика или со пукање со огнено или друго оружје, гасни пиштоли“, стои во апелот.

Полицијата нагласува дека секое непочитување на апелите и препораките соодветно ќе биде санкционирано, со цел да се обезбеди нормално и безбедно одвивање на претстојните матурски прослави, без разлика дали станува збор за угостителски објекти или на отворен простор.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве ќе ги посетат сите средни, а подоцна и основните училишта, како и угостителските објекти во кои ќе се организираат матурските и полуматурските забави.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена