Гостивар
Меџити при посетата на болницата во Гостивар: Здравствените работници да носат маски!
„Комисијата за заштита од заразни болести веќе донесе препораки да се носат маски од страна на здравствените работници, како и во установите каде се згрижени најранливите, постарите лица. И јас апелирам здравствените работници во здравствените установи да носат маски, додека да го поминеме овој период кога владее сезонскиот грип. Треба да бидеме многу внимателни.“, порача министерот за здравство Фатмир Меиџит при денешната посета на гостиварската болница.
Тој посочи дека Министерството за здравство будно ја следи состојбата со грипот, со оценка дека „се‘ е под контрола и нема место за паника“. Меџити ги повика граѓаните на повисока свест кога станува збор за почитување на препораките и мерките, особено во делот на забрана за посети во болниците.
„Ние како граѓани некогаш ги гледаме само индивидуалните интереси, но треба да бидеме многу внимателни кога посетуваме болни. Јас веќе дадов наредба да не се примаат посети, посебно во болничките делови кадешто се потешките пациенти. Ве молам како пациенти, граѓани, семејства на пациентите да не инсистирате да се влегува кај болните додека трае грипот“, кажа министерот.
Комисијата за заштита од заразни болести вчера излезе со препораки за задолжително носење на заштитни маски во здравствените установи и во домовите за стари лица и забрана на посетите во болниците и во домовите кои згрижуваат стари лица.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди