Гостивар
Над 400.000 евра инвестиции во болницата во Гостивар лани, проширен опсегот на услуги
Во текот на 2023-та година во гостиварската општа болница „Д-р Ферид Мурад“ биле вложени околу 400 илјади евра за проекти за реновирање и за медицинска апаратура. Установата го прошири опсегот на здравствени услуги со набавка на нови апарати и опрема за различни типови на интервенции. Неодамна во функција беше ставен лапараскоп за уролошки зафати со кој беа изведени првите интервенции од ваков тип, како и подвижен дигитален рентген апарат.
По тој повод денес во посета на болницата беше министерот за здравство Фатмир Меџити.
„Со набавката на новиот лапараскоп на одделот за урологија за пат во оваа област се извршуваат лапароскопски интервенции во болницата и нема да има потреба пациентите да патуваат во Скопје за овој тип интервенции. Со оваа инвестиција значително се унапредува специјалноста урологија во оваа болница, а воедно се проширува опсегот на здравствените услуги кои се обезбедуваат во установата. Изминатиот период за установата беше набавен и подвижен рентген апарат со дигитален детектор. Овие инвестиции се показател за континуирано унапредување на условите за третман на пациентите во установата и со оваа динамика продолжуваме и во иднина“, изјави министерот.
Апаратите се набавени со средства од Министерството за здравство. Лапараскопот е во вредност од 10,5 милиони денари, додека рентген апаратот 7, 7 милиони денари.
Директорот на болницата Илбер Адеми нагласи дека новите методи овозможуваат минимално инванзивни хируршки зафати со што се излегува во пресрет на пациентите.
„Сме направиле повеќе интервенции. Вреди да се споменат трансуретрална ресекција на простата и на бешика. Најважно е што за прв пат во Гостивар започнавме со ласерски интервенции за кршење на камен-литотрипција во уринарниот тракт. Успешно беа извршени 12 такви интервенции“, рече директорот.
При посетата на болницата, Меџити направи обиколка и на одделението за неврологија кое е во фаза на целосно реновирање.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград