Поврзи се со нас

Вести

Меркел: Не жалам за енергетската политика со Русија

Објавено

на

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека не жали за курсот што нејзината влада го зазеде за својата енергетска политика и Русија за време на нејзиниот мандат, што според критичарите ја остави најголемата европска економија премногу зависна од рускиот гас.

Германија и другите европски земји се обидуваат да ја прекинат зависноста од руската нафта и гас, откако рускиот претседател Владимир Путин испрати војници во Украина под т.н. специјална воена операција.

Минатата година, 55 отсто од увозот на гас на Германија дојде од Русија, делумно поради настојувањето на Меркел да ги одржи трговските врски со Русија и да го поддржи контроверзниот гасовод Северен тек 2, дури и откако Москва го анектираше Крим во 2014 година.

– Секогаш делувате во времето во кое сте, им рече таа на новинарите во Лисабон на прашањето за пристапот на нејзината влада кон Русија.

Меркел, која минатата година се повлече од политиката по 16 години како канцелар, рече дека воопшто не жали за своите одлуки, туку дека сметала дека тие биле вистинските во тоа време.

– Евтиниот руски гас и овозможи на Германија да продолжи да се оддалечува од нуклеарната енергија и јагленот, рече Меркел.

Меѓутоа, Германија сега ги става тие планови во мирување додека се обидува да ги замени прекинатите испораки на гас од Русија.

Инфлацијата во Германија, главно поттикната од наглиот пораст на цените на енергијата, изнесува 10,9 отсто, а владата се обврза да потроши милијарди евра за да им помогне на домаќинствата и бизнисите да ги платат зголемените сметки за енергија.

Пуштањето на гасоводот Северен тек 2, наменет за двојно зголемување на увозот на гас од Русија во Германија преку Балтичкото Море, беше откажано во деновите пред инвазијата.

– Оваа брутална инвазија на Русија сега донесе промена. Ова е пресвртница, рече Меркел за енергетската политика на Германија.

Според неа, ова е задача со која мора да се справи новата германска влада, предводена од социјалдемократот Олаф Шолц.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена