Поврзи се со нас

Македонија

Мицкоски: Ковачевски да го одбие предлогот, а јас ќе го повлечам барањето за предвремени избори

Објавено

на

Ниту за мене лично, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ, овие два документи вакви какви што се прифатливи. Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова коешто е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори. И трета работа, му понудив, ако толку верува дека е обезбеден идентитет, тогаш најпрвин во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани члениот 11 и членот 14. Ова се трите заклучоци на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кои тој ги соопшти по средбата со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

– Само треба да го одбијат предлогот, да речат не. Бидејќи ова не се преговори, и ова не е преговарачка рамка со којашто ние обезбедуваме европска иднина. Ова е преговарачка рамка со којашто или се асимилираме и бугаризираме па така да бидеме дел од ЕУ или нема да бидеме дел од ЕУ, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски рече дека средбата со Ковачевски повеќе била од информативен карактер на којашто премиерот го презентирал сето она коешто изминативе денови го слушаме во јавноста.

– Даде свое гледање на документите коишто треба да ја дефинираат преговарачката рамка и записникот од Меѓувладината конференција којашто евентуално би требало да се одржи. На сметка на тоа јас дадов свое гледиште на текстот и врз основа на тоа би извлеков следните три заклучоци. Прво, ниту за мене лично, ниту пак за ВМРО-ДПМНЕ овие два документи вакви какви што се прифатливи и ВМРО-ДПМНЕ и ниту јас лично имаме намера истите документи да ги прифатиме, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека тоа не е одлука само на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, туку на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Второ, му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова коешто е доставено како предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени парламентарни избори. Да ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ институционални и да и помогнеме на Владата во надминување на предизвиците коишто оваа зима ќе се појават пред нас. Тука пред сè мислам на безбедносни, енергетски, предизвици со храна, финансиски и друго. И на пролет кога ќе ја поминеме сите заедно, според мене, оваа можеби а и според многумина најтешка зима да седнеме и да направиме реевалуација, репроценка на реалната состојба, изјави Мицкоски.

И третата работа која Мицкоски му ја понудил на Ковачевски е во делот од заклучоците од првата меѓувладина да бидат избришани членовите 11 и 14.

– Членот 11 од записникот е член којшто детерминира дека Македонија нема да отпочне преговори сè додека не го промени Уставот и нема да има преговарачка рамка, а членот 14 се повикува на протоколот којшто е дел од втората Меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Бугарија. Конференција и протокол во којшто се наоѓаат историските, образовните прашања, културните прашања и промена на учебниците и се она коешто изминативе денови како бугарска верзија јавноста можеше да го види. Тоа е тој протокол, тоа е членот 14, потенцира Мицкоски.

Тој рече доколу Брисел ги избрише тие делови, тогаш може веднаш да се седне и да се разговара.

– Ако е така како што не убедуваат дека ова обезбедува европска иднина, а не асимилација на Македонија и уништување на македонскиот идентитет, рече Мицкоски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување:

ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

Дали користите PayPal?

Advertisement
Локални избори 2022пред 2 часа

Мевмед Џафери: Неуморно ќе работиме, ќе ја промениме сликата за безидејноста!

Локални избори 2022пред 2 часа

Петровска: Со Медат Куртовски, Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива

Македонијапред 4 часа

УХМР најавува локални поројни врнежи во ноќните часови, времето нестабилно и утре

Македонијапред 4 часа

Мигрант влегол во приколка од гостиварски камион, возачот слушнал звуци па викнал полиција

Гостиварпред 7 часа

Ја нападнал сопругата, завршил во ПС Гостивар

Вестипред 8 часа

Од утре почнува Богородичниот пост

Македонијапред 9 часа

Во Тетово потпишан договорот за фабриката за производство на електрични автомобили e.GO

Македонијапред 11 часа

На Табановце и Пелинце се чека околу два часа

Здравје и убавинапред 12 часа

Што е она што всушност предизвикува мигрена?

Македонијапред 14 часа

Нема мајмунски сипаници во земјава, внимателно се следи состојбата во светски рамки

Вестипред 1 ден

Небесен спектакл – Метеорскиот дожд Персеиди вечерва го достигнува пикот

Гостиварпред 1 ден

Состанок во Гостивар: Да нема инциденти на спортските натпревари

Гостиварпред 1 ден

Контроли на патиштата Гостивар-Тетово-Скопје и Гостивар-Кичево

Што, како, каде?!пред 1 ден

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Гостиварпред 2 недели

„Диви трки” на патот Тетово-Скопје: Учествувале момчиња од Гостивар, Тетово и Скопје

Што, како, каде?!пред 1 недела

Нова акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

Гостиварпред 2 недели

Нападната девојка во салон за убавина во Гостивар

Гостиварпред 1 недела

Од денес до недела Галичник филм фестивал

Гостиварпред 2 недели

Трагедија на патот Маврови Анови – Дебар, животот го загубија три лица

Македонијапред 6 дена

Во автобус кој се обраќал на линија Пореч-Гостивар запленето злато вредно над 600 илјади евра

Гостиварпред 2 недели

Жртвите во страотната несреќа на патот Маврово-Дебар на возраст од 35, 42 и 52 години

Гостиварпред 2 недели

Чествување на Илинден во Гостивар во духот на традицијата со народни песни и ора

Гостиварпред 2 недели

Усмртен 52 годишен маж при групна тепачка во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Судир на две возила на патот Маврови Анови-Дебар, повеќе лица повредени меѓу кои и малолетник

Локални избори 2022пред 2 недели

Мицкоски во Требиште и Жировница: Да изградиме општина која обезбедува иднина, д-р Мевмет тоа го може

Гостиварпред 4 дена

Гостивар: Лажно се претставувале како службени лица, со намера да и наштетат на верската заедница

Гостиварпред 2 недели

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 1 месец

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 2 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Гостиварпред 2 месеци

Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

Спортпред 3 месеци

Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

Спортпред 3 месеци

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Спортпред 3 месеци

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Вестипред 3 месеци

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Гостиварпред 3 месеци

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Гостиварпред 4 месеци

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Културапред 4 месеци

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена