Македонија
Мицкоски: Се‘ поблиску сме до предвремени парламентарни избори!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од партиското седиште ги повика граѓаните на протестот што ќе се одржи на 18 јуни во 20 часот, со цел, како што кажа, да се спротивстават и да се борат за смена на власта.
Мицкоски оцени дека се чекор поблиску до предвремени парламентарни избори и најави оти ќе продолжат со активностите до крај да го водат овој процес, до, како што кажа „последен ден на буткање на оваа Влада“. Но, како што рече, не очекува од власта да се повлече.
– Јас не очекувам од овие луѓе да кажат нешто поинаку. Нормално дека они ќе гледаат да го искористат и последниот рок за да продолжат да го крадат народот и да ја осиромашуваат Македонија. Овие луѓе се неодговорни, самобендисани и луѓе кои се изгубени во власта и мислат дека привилегијата ним им припаѓа бидејќи им е вродена од татко и дедо наследена. Не. Но, ние ќе продолжиме да се бориме, рече Мицкоски.
Нагласи дека ќе продолжат, бидејќи според него не е одговорно да молчат и најави и други активности во Парламентот.
„Ако тие мислат дека по која било цена можат да му се спротивстават на народот, а народот е тој којшто е суверен во оваа држава тогаш мислам дека народ ќе им се случи и колку високо летаат верувајте многу посилно и пониско ќе слетаат. Ценам дека сме поблиску, секој ден сме се поблиску ќе има и понатаму активности, не очекувам дека веќе на 19-ти тие ќе се вразумат, ќе бидат нови луѓе. Јас реков дека не верувам во инстант успеси или инстант решенија, ова ќе биде процес кој ќе трае и ние сме подготвени до крај да го одиме овој процес, до последен ден на буткање на оваа Влада“, рече Мицкоски.
Во однос на повлекувањето на ГРОМ од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласи оти очекува Стевчо Јакимовски да делува опозициски, како што и самиот кажа. Смета дека тоа нема да има негативно влијание, туку очекува само да имаат поголема додадена вредност во процесот на рушење на оваа Влада.
– Моите односи после сите овие навреди кои ги слушнав изминативе денови кои тој ги искажа за мене, се прекинати. И не гледам зошто да имаме односи, сепак човекот во неколку наврати лично ме навреди, моето семејство и мојата сопруга, итн. и навистина тоа е недостоинствено да го коментирам. Ќе му посакам многу среќа и успех понатаму, заклучи Мицкоски.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022