Македонија
Министерот Адеми апелира да не се штрајкува, синдикатот не се откажува од одлуката
Се` поизвесно е дека првиот училишен ден ќе помине во знак на предупредувачки штрајк на просветните работници. Доколку и викендов, во последен момент синдикатот и Министерството за образование не најдат заеднички јазик, одлуката за еднодневниот штрајк останува да важи.
„Одлуката за предупредувачки штрајк ја донесовме на 23 август. До сега немаме понуда што може да ја прифатиме за да ја промениме.“, вели првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.
Од друга страна, министерот за образование Арбер Адеми ги повика училишните управи да се подготват за првиот училишен ден и да ја започнат новата учебна година со нормален тек.
„Сите ние треба да се водиме од најдобриот интерес за нашите деца. Јас апелирам до сите училишта, до раководството, сите наставници, стручни соработници на сите училишта да се организираат на најдобар можен начин, да се започне со првиот ден, да започне школската година. Особено за првачињата, ова е свечен ден. Овие наши деца започнуваат нова етапа во нивниот живот и треба да бидат пречекани на најдобар можан начин, да не се заплашат кога ќе одат на училиште туку да одат со љубов. Со СОНК и со вработените во дејноста образование имаме солиден социјален дијалог, сме покажале сериозност, 5% покачување на платата во 2018-та година, 5% покачување од септември месец 2019 и нудиме решение, платите во образованието треба да бидат уште повисоки. Има силна заложба од Владата да се подобри статусот на сите вработени во образование.“, изјави министерот.
Синдикатот бара зголемување на платите за 25%. Штрајкот во понеделник е предупредувачки, а ако нема решение во текот на септември, најавено дека ќе прерасне и во генерален штрајк.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар