Гостивар
Мобилен тим на Општина Гостивар ќе им носи лекови и храна на старите и изнемоштени лица

Со цел поголема колективна безбедност како и превенција од коронавирус, Општина Гостивар формира мобилен тим за помош на постари, болни и изнемоштени лица.
„Заради настаната ситуација, а со цел да се избегнува непосреден контакт со останати лица и да не се изложуваат на дополнителна опасност, сите возрасни лица над 60 години на територијата на Општина Гостивар, кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на посебните телефонски броеви. Мобилниот тим, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост, ќе појде до нивниот дом, ќе им ја пружи потребната помош и ќе им бидат обезбедени потребните прехрамбени намирници, средства за хигиена и/или лекови. Општина Гостивар нема да дозволи оваа вонредна околност да ги погоди најранливите групи!“, информираат од локалната самоуправа.
Телефонските броеви на кои може да се побара помош од мобилиот тим се: 072-577-713 и 072-577-741 и тие ќе бидат активни од денес (16 март) по 15 часот.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година