Вести
Мобилни, паричници, документи па и животни на листата „Изгубено-Најдено“ во Гостивар
Невниманието на граѓаните понекогаш ги чини да останат без свои вредни предмети. На листата „Изгубено-Најдено“ за регионот на Гостивар се наоѓаат паричници, мобилни телефони, лични документи, радио врска, токи воки па дури и животни.
Така во Полициската станица во Гостивар жител на селото Сретково на 12 јануари пријавил дека пронашол коњ во атарот на селото. Месецов како најдени предмети биле пријавени и мобилен телефон ајфон-5, паричник со документи и картици најден близу гостиварската болница, возачка и сообраќајна дозвола.
Во претходните години, освен вообичаените пријавувања на телефони и паричници на листата „Изгубено-Најдено“ во Гостивар се нашле и регистерски таблици, домашни миленичиња, девизна книшка, моторцикл, велосипеди, женска чанта, празен куфер и друго.
„Граѓани речиси секојдневно пријавуваат изгубени, а поретко најразлични пронајдени предмети. При пријавувaњето, досегашна практика е, граѓаните да наведат што повеќе информации поврзани со видот на изгубениот предмет, типот, бојата, расата, времето, местото, околностите во кои тоа се случило и друго. Оние кои пријавуваат пронајдени предмети наведуваат кога, каде и во каква состојба ги пронашле. Доколку во пронајдениот паричник или чанта, на пример, има документи на сопственикот, враќањето се реализира побрзо со ангажирање на полициски службеници од подрачјето каде живеат или престојуваат сопствениците. Доколку,пак, во нив нема документи, сопственикот ќе треба да приложи валиден доказ дека пронајдениот предмет е негова сопственост и да го препознае истиот“, објаснуваат од Секторот за внатрешни работи додавајчи дека штом се пријави пронајден предмет се заведува во регистер, за него се изготвува посебно досие, по што се одложува во наменска просторија за таа цел.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар