Вести
Моќен KK Гостивар, пукна првата „стотка“ сезонава

По сензационалниот триумф во Кавадарци, Гостивар ја оствари и втората победа сезонава.
Нова жртва е Кожув против кого повратникот во елитата ја оствари првата „стотка“ во домашното првенство оваа сезона (101:75). Гостивар доминираше во текот на целиот натпревар со исклучок на првите две минути во кои Кожув водеше со 5:0.
Гостивар одговори со шест поени во низа, а израмнето беше до 9:9 по што домаќините направија уште една серија, сега од 13:0 и целосно ги свртеа работите во своја корист.
Во 15. минута беше 36:15 за домашните кошаркари, но Кожув со две добри серии целосно се врати во игра во третиот период кога резултатот беше 51:51. Крајот за Кожув беше серијата од 10:0 на Гостивар пред крајот на третата и почетокот на последната четвртина. Нешто подоцна повторно беше +21 (83:62) за на две минути пред крајот домаќините да ја достигнат најголемата предност (96:66).
Поранешниот младински репрезентативец Јетмир Зеќири доби поголема минутажа и максимално ја искористи постигнувајќи 23 поени со кои беше најефикасен на натпреварот. Мишковиќ со 16 го предводеше Кожув.
Во соработка со:
Basketball.mk
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!