Македонија
МОН: Дел од новите учебници за основно испорачани, родителите да не се трошат за копирање

Министерството за образование и наука информира дека испораката на учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно утврдената динамика. „Веќе е завршена испораката на учебниците по првиот договор за печатење, што ги опфаќа учебниците за четврто одделение по македонски јазик и по математика, на македонски наставен јазик и учебниците по турски јазик за четврто и петто одделение, на турски наставен јазик.“, соопшти МОН, додавајќи дека испораката на учебниците по вториот и третиот договор ќе се одвива оваа работна недела. Станува збор за 18 учебници, и тоа:
- на македонски наставен јазик: македонски јазик за прво и за второ одделение, математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и за четврто одделение, историја и општество за четврто и за петто одделение;
- на турски наставен јазик: учебник за турски јазик за прво и второ одделение,
- на албански наставен јазик: учебник по математика за четврто одделение и учебници по албански јазик за второ, четврто и петто одделение;
- на српски наставен јазик : учебници по српски јазик за второ, четврто и за петто одделение, и учебник по математика за четврто одделение.
Министерството најави дека веднаш потоа почнува испораката и на учебниците по четвртиот договор, и тоа учебник по албански јазики математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик.
„Ги известуваме учениците и родителите дека новите учебници ќе бидат достапни и на веб-страницата на Министерството за образование и наука. Апелираме до родителите да не прават беспотребни трошоци и да ги копираат учебниците, бидејќи печатените учебници ќе бидат достапни за секој ученик бесплатно.“, се вели во известувањето.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава