Гостивар
„МОНТЕНЕГРО“ со парите од наплата на најлонските ќеси ќе прави еко проекти за почист Гостивар

Согласно најавите и новиот Закон за управување со отпад, од 2021 година ќе се користат само биоразградливи пластични ќеси во маркетите и тие задолжително ќе се наплатуваат. Со цел да се дестимулира користењето на најлончињата, најниската предложена цена на пластичните ќеси ќе биде 10 денари.
МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ ги поддржуваат овие законски одредби, кои имаат за цел заштита на животната средина и воведува новини насочени кон намалување на употреба на пластичните ќеси, заштита на животната средина и спроведување на еко активности.
„Се` додека Законот не стапи на сила, до 2021 година, со искрена цел да ја заштитиме околината и за подобар и позелен Гостивар – од понеделник (02.03.2020) воведуваме наплата на нашите ќеси со што ќе се намали неконтролираната употреба на истите. Но, тоа не е се! Покрај овој начин на намалување на користењето на кеси, приходите собрани од продажбата на најлонски кеси, ќе ги донираме во еколошки цели и проекти, за зачувување и подобрување на животната средина во нашиот град. Во соработка со неколку организации, во план е да спроведеме неколку еколошки акции со кои ќе придонесеме за позелен, почист и поубав Гостивар. Да размислуваме еколошки!“, соопштија од Монтенегро.
Најлонските ќеси, кои се даваат во продавниците, се едни од најголемите загадувачи на животната средина. Тие се насекаде околу нас, во природата. Лебдат во морињата, реките и езерата, ветерот ги носи лесно и можат да се најдат насекаде низ земјата, па дури и во местата што се сметаат за недопрена природа.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година