Поврзи се со нас

Гостивар

Средба Таравари-Јеитс: Зголемување на фискалната ефикасност и планирање на проекти

Објавено

на

Можностите за зголемување на фискалната ефикасност на општината и планирањето на проекти беа тема на разговор на средбата меѓу градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари и извршниот директор за јавни финансии на УСАИД во Македонија, Џон Јеитс.

Таравари го информирал Јеитс за работењето на општината и предизвиците со кои се соочува во областа на наплатата на даноците на општината, извршувањето на буџетот и имплементираање на проектите.

„Откако дојдов на функцијата градоначалник на Гостивар, како општина забележуваме пораст од 15% на општинските даноци, извршувањето на буџетот во однос на планираното достигнува околу 95%, а сме спровеле и бројни капитални проекти во главно со сопствени средства, но и преку донации од меѓународни организации и од пријателски земји на нашата држава“, истакна градоначалникот нагласувајќи ја потребата од соодветна фискална децентрализација со што ќе се зголемат можностите на единиците на локалната самоуправа за поголема ефикасност во планирањето на буџетот и капиталните инвестиции.

Јеитс ги информирал градоначалникот и неговите соработници за четирите компоненти на техничка помош кои се опфатени во повикот на УСАИД, во износ од 5 до 7 милиони американски долари. „Јеитс стави акцент на зголемување на нивото на наплатата на општинските даноци, подобрување во планирањето на проекти, зголемување на општинскиот буџет и потребата за фискална децентрализација“, наведуваат од општинската служба за информирање.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена