Вести
Морбили: Вонредна проверка на вакциналните картони во Гостивар
На гостиварското подрачје нема заболени од морбили-мали сипаници, но службите ќе вршат вонредни контроли на вакциналните картони со цел да се откријат невакцинирани деца. Мерките се преземаат превентивно, откако беше прогласена епидемија на мали сипаници во Радишани, Скопје.
Лекарите велат дека морбилите се едно од најзаразните заболувања, поради што се неопходни превентивни мерки. Ја потенцираат вакцината како најефикасен начин на заштита. Вакцината против мали сипаници се прима на 13 месечна возраст, а ревакцината е на 6 годишна возраст. Во последните неколку години како резултат на антивакциналните кампањи, опфатот на децата со оваа вакцина е намален.
Морбилите се манифестираат со: зголемена телесна температура, главоболка, малаксаност, солзење на очите, течење на носот, сува кашлица. Карактеристично е што во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата. Првиот осип обично се јавува навечер, во пределот на косата и по еден до два дена, се шири по целото тело.
Вирусот се пренесува преку воздух, со ситните капки секрет кои при кашлање, кивање и зборување ги исфрлаат болните или заразени лица.
Последните случаи на мали сипаници во Гостивар се регистрирани во 2011 година кога имаше седум заболени. Во Македонија годинава имало 50-тина заразени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените