Вести
МВР со официјални информации за несреќата во која загина гостиварец
Триесет и двегодишниот С.П. од Гостивар е жртвата во вчерашната тешка сообраќајна несреќа која се случи на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Полицијата соопшти дека со тешки повреди се здобиле М.М. (24) од Гостивар и Џ.А. (21) од Дебар, додека Љ.П (25) и тригодишно дете по лекарски преглед биле пуштени на домашно лекување.
Во продолжение ги пренесуваме во целост официјалните информации од МВР за несреќата:
„На 06.05.2018 година околу 17,25 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај асфалтната база „Прогрес 98“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено Меган“ со гостиварски регистерски таблици управувано од С.П.(32) од Гостивар и патничко моторно возило „Опел Астра“ со дебарски регистерски таблици управувано од Џ.А.(21) од Дебар. Во незгодата од здобиените повреди на самото место починал возачот С.П. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош од Гостивар. Со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар во Гостивар биле пренесени возачот Џ.А. и сопатниците од двете возила М.М.(24), Љ.П.(25) и тригодишно дете. По укажаната лекарска помош кај Џ.А. и М.М. констатирани биле тешки телесни повреди и биле препратени во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување, а додека кај Љ.П. и кај детето констатирани биле телесни повреди и биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. Телото на починатиот било пренесено во Медицинскиот центар во Гостивар за обдукција. Сообраќајот се одвивал наизменично по една коловозна лента. Се работи на целосно расчистување на случајот.“
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград