Поврзи се со нас

Вести

Јелица Гавриловска – Единствената гостиварка која ја истрча 21 километарска полумаратонска трка

Објавено

на

Вчера во Скопје се одржа 14-от традиционален Wizz Air маратон на кој беа пријавени рекордни 10.000 учесници од 58 земји од светот кои трчаа неколку различни маратонски дисциплини.

Гостиварката Јелица Гавриловска беше единствената девојка од Гостивар која учествуваше во полумратонската трка. „Кеца“ како ја познаваат низ Гостивар учестуваше на 21 километарската трка. Минатата година успеа да ја истрча за 2 часа и 3 минути, оваа година го подобри личниот рекорд и истрча за 1 час 57 минути и 17 секунди. Севкупен пласман, 58 рангирана во женска конкуренција.

„Покрај предизвикот да ја завршам трката задоволство е да се учествува на спортски настан каде што има повеќе од 10.000 учесници од најразлични земји во светот, а покрај другото атмосферата е фантастична. Прекрасно е чувството да се биде дел од толпата што трча и да ги гледаш лицата на подржувачите кои цело време несебично те бодрат. За една ваква трка припремите се континуирани преку цела година. Активно се занимавам со планинарење, велосипедизам, фитнес и трчање што многу ми помага да ја одржувам мојата физичка спремност. Интезитетот го зголемувам како што наближува трката, а пред самата трката најважно е да си добро одморен. Се надевам дека во блиска иднина ќе истрчам уште трки, а секако моја желба е некоја од нив да биде и во некоја европска метропола.“ – ни изјави Гаврилоска после вчерашната трка.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена