Поврзи се со нас

Гостивар

На Гостивар му требаат слаткари и фризери, отворен е оглас за обуки

Објавено

на

Гостиварската баклава е надалеку прочуен деликатес. Кој еднаш ја вкусил, секогаш ќе се враќа за парче плус. Гостивар е град во кој слаткарската традиција се негува од дамнина. Но, последнава деценија младите се поретко кои сакаат да навлезат во тајните на слаткарскиот занает.

Со цел да се поттикнат да го изучат и да им се помогне со работен ангажман, наредниот период ќе се спроведуваат обуки за слаткари на државна сметка за невработени лица. Дефицитарна професија е и фризерството, па и таа ќе биде опфатена со оваа мерка.

На сите кои ќе ги завршат обуките ќе им биде доделен сертификат, а во периодот додека траат ќе добиваат по 9.000 денари месечно за трошоци.

„Обуките ќе се спроведуваат три месеци, со теоретски и практичен дел. Обуки за слаткари во Гостивар за прв пат се организираат и може да кажеме дека има интерес за учество. Пријавувањето се уште трае, очекуваме да има уште повеќе заинтересирани“, вели Хисен Амзаи, раководител на Центарот за вработување во Гостивар.

Пријавувањето за учество во обуките за слаткари и фризери трае до петок, 31 јули. За слаткари се пријавиле над 20 невработени, додека за до сега фризери 17.

Во меѓувреме за Гостивар тече и огласот за лични асистенти на лица со посебни потреби.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена