Поврзи се со нас

Македонија

На Националниот портал за е-услуги за граѓаните достапни 127 услуги од разни институции

Објавено

на

Ставен е во функција Националниот портал за е-услуги каде со oнлајн аплицирање достапни се административни услуги за граѓаните. На порталот се достапни 127 електронски услуги, од кои 57 за прв пат се нудат електронски, додека 70 се веќе постоечки. Надлежните најавија дека овој број секојдневно ќе се зголемува.

„Целта на овој систем е да ги поврзе системите на институциите за давање јавни услуги и истите да ги обезбеди за граѓаните, преку едно централно место. Ова е уште еден чекор кон остварување на една од најважните реформски зафати, а тоа е реформата во јавната администрација, за создавање стручна и ефикасна, отчетна и транспарентна администрација, која ќе обезбеди квалитетни услуги за граѓаните и бизнис-секторот и ќе ги заштити нивните права. Граѓаните и бизнис заедницата во центар, а административните службеници и институциите како нивен сервис“, рече премиерот Зоран Заев на промоцијата на порталот.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ги претстави и начините за регистрација на порталот, според кој за се пристапи до сите можности што ги нуди, претходно е потребно граѓаните да креираат eID профил, а сите оние кои имаат активна корисничка сметка во УЈП, веќе имаат активен eID профил, односно можат да се најават на профилот, користејќи ги корисничкото име и лозинката од УЈП. За нив услугите од порталот се веќе достапни.

„Порталот се состои од јавен и приватен дел. Тоа што е важно за граѓаните е дека јавниот дел е достапен за сите, без потреба од било каква најава или идентификација. Тука можат да се најдат податоци за услугите кои ги обезбедуваат надлежните органи. Приватниот дел е достапен само за регистрирани и идентификувани корисници на Системот за единствена најава. По најавата, граѓаните ќе имаа можност да поднесуваат барања во електронска форма за добивање на е-услуга, да плаќаат за надоместокот и административната такса за е-услуги, да добиваат одговор на барањето и најважно да добиваат електронски услуги“, информираше Манчевски.

Порталот е достапен и на албански и на англиски јазик.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 3 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 5 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена