Поврзи се со нас

Гостивар

На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство

Објавено

на

По еден час дебата, повлечи-потегни и негодувања, на денешната седница на Советот на Општина Гостивар беше усвоена одлука за јавно-приватно партнерство за поставување на соларни панели на општинската зграда, училиштата, градинките, спортската сала и други јавни општински објекти. Со ова практично отпочна процедурата, а треба да следува објава на оглас за заинтересирана приватна фирма партнер.

Дискусијата главно се однесуваше на условите кои ги опфаќа изработената физибилити студија за концесионерството. Од советничката група на ДУИ излегоа со став да не се брза со донесување ваква одлука, дека треба добро да се разгледаат условите и да се увиди кој е бенефитот за општината.

„На претходната седница претставник на фирмата што ја изработи физибилити студијата зборуваше 45 секунди за студија од 450 страници. Тоа е потценување на интелигенцијата на советниците и на граѓаните. Треба да дадеме 44 илјади квадратни метри од јавните објекти под концесија. Нормално дека инвеститорот бара да има корист од тоа, но би предложил, освен предвидените 10% добивка, да се предвиди и покривање на трошокот за објектот. Да не брзаме со гласање“, кажа советникот Азиз Даути.

Башким Асани од канцеларијата за локален економски развој рече дека во тендерската документација општината може да бара секакви услови, но треба да бидат реални за да се јави и интерес кај компаниите.

„Одлуката за јавно-приватно партнерство е само почетната фаза, администрацијата потоа ќе ја изработува тендерската документација. При тоа, мора да бидеме претпазливи какви услови ќе наведеме, затоа што може да нема никаков интерес. По реакциите на советници на претходната седница веќе направивме корекции околу процентот на провизија и времетраењето на концесијата. Така и другите сугестии ќе ги разгледаме и опфатиме во тендерската документација. Легитимно е да бараме, но треба да бидеме внимателни, дали потоа огласот ќе биде успешен.“, кажа тој.

Забелешките на другите советници говорници, исто така беа во насока на одложување на оваа точка, за да се даде простор за подетални анализи. Од општината пак, повторија дека е важно одлуката да помине, а понатаму може да се вршат корекции.

Претседателот на Советот, Ваљбон Лимани на крај побара во условите да се вметне и хибридниот модел, кој содржи и покривање на трошоците за објектот. „Јавно се обврзувам дека одлуката ќе ја потпишам, откако ќе се уверам дека тоа е сторено“, рече тој.

Одлуката за јавно-приватно партнерство за поставување на соларни панели на вкупно 29 објекти помина со 18 гласа ЗА. Според предвиденото работите треба да стартуваат на први јануари наредната година.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 11 часа

Внимавајте кога подгревате одредена храна, можни се опасности

Македонијапред 12 часа

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер

Гостиварпред 14 часа

Гостиварецот Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод

Гостиварпред 14 часа

Хуманитарното здружение „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар ќе ги субвенционира еднодневните екскурзии на ученици во социјален ризик

Гостиварпред 15 часа

41 годишник нападнат од куче скитник на улица во Гостивар

Македонијапред 16 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Вестипред 17 часа

Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба

Гостиварпред 19 часа

Трагична несреќа на патарина во Гостивар, загина 18 годишно момче

Гостиварпред 19 часа

Детска недела во градинките во Гостивар со работилници, музика, игри, посети

Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена