Музика
На роденденот на Тоше објавена негова нова песна
Денес, Тоше Проески би го славел својот 43-ти роденден. Токму на овој ден е објавена неговата последна песна со наслов “Кажу да време лечи све” отпеана на српски јазик.
Оваа песна која што се чинеше дека можеби никогаш нема да биде објавена, направена е со помош на новата вештачка технологија. Поточно со оваа нова технологија изваден е вокалот и пијаното за од демо снимка да се направи студиска снимка. Затоа токму на овој ден по толку многу години песната ќе доживее свое издание.
Песната била оставена на пријателот од Тоше, продуцентот и диџеј Кирил Зарлинов попознат како диџеј Ерик Фокс. Тој одлучил старата демо снимка да ја заврши и да ја даде како подарок на сите верни обожаватели на Тоше токму на неговиот роденден и неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.
Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, аранжманот е на Кирил Зарлинов, а миксот и мастерингот се на Костадин Камчев.
Спотот е лирикс видео кое го има направемо екипата на “Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на видеа од овој тип за најголемите светски звезди.
Во продолжение слушнете ја песната и присетете се на сите музички достигнувања и хумани дела на Тоше.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба