Гостивар
На Шапка утрово -17 степени, во Маврово -12

На Попова Шапка утрово се измерени -17 степени Целзиусови, во Берово -15, Крушево -14, Маврово -12, Битола и Тетово -11, во Скопје и Охрид -9, а -3 во Гевгелија. На Шапка има и најмногу снег 49 сантиметри, во Маврово снежната покривка е 18 сантиметри, а во Крушево четири, информира УХМР.
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро и студено со слаб до умерен северен ветер. Утринава е студено со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен северен ветер.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава