Гостивар
На следната седница на Советот на Гостивар ќе се делат пари за спортски клубови

Предлог одлуки за финансиска поддршка на два фудбалски и еден карате клуб, ќе се најдат на дневен ред на седницата на Советот на Општина Гостивар којашто е закажана за 5-ти март (четврток).
Локалната самоуправа планира да издвои по 150.000 денари за ФК „Генч Калемлер“ од Долна Бањица, и ФК „Трабзонспор“ од Горна Бањица, додека за Карате клубот „Асиарт“, сума од 170.000 денари.
Парите за поддршка на клубовите се обезбедуваат од Програмата за спорт во општинскиот буџет за 2020-та година.
Од истата програма, претходно финансиски средства добија КК Гостивар (2 милиони денари), ФК „Гостивар (3 милиони денари) и ФК Форино (150.000 денари).
Вкупниот буџет за спорт на Општина Гостивар за годинава е 9,2 милиони денари.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград