Гостивар
На состанок донесени итни мерки за проблемот со кучињата скитници во Гостивар
Кучињата скитници на гостиварското подрачје се децениски загрижувачки проблем за граѓаните. За третман на бездомните животни, веќе функционира едно прифатилиште, а според најавите од локалните власти од следната недела ќе биде отворено и второто.
Во просториите на Општина Гостивар, денес бил одржан состанок на претставници од Полициската станица, здружението ИГИ и општинската администрација, на кој била разгледана моменталната состојба со кучињата скитници и биле донесени одлуки за итни и ригорозни мерки за минимизација на овој проблем.
„Во понеделник ќе се стави во функција и вториот стационар за кучиња скитници, благодарение на проектот „Дај ми засолниште за спас“, финансиран од регионалната програма на Западен Балкан, РеЛоАд. Со отворање на овој шелтер центар, ќе се зголеми капацитетот на згрижување на кучиња скитници и со тоа зајакнувајќи ги превентивните мерки, овој повеќегодишен проблем ќе биде ставен под контрола и ќе се намали до максимум. Од полицијата се обврзаа дека ќе го исполнат барањето на Општина Гостивар за спроведување на строги контроли на сомнителни возила кои можат да носат кучиња скитници од други општини и да покренат прекршочна постапка против сторителите.“, соопшти општината.
И вториот стационар, како и првиот е лоциран во објект на поранешната касарна во атарот на Бањица.
Заеднички апел на полицијата, Општината и здружението ИГИ е и граѓаните да дадат свој придонес во овој поглед и да ги пријавуваат ваквите случаи во полицијата, ЈП Комуналец и во Здружението ИГИ, потенцирајќи дека единственото овластено специјално возило превезување. на кучиња на територијата на општина Гостивар, има регистарски ознаки ГВ – 7743 – АД.
Надлежните ги повикуваа граѓаните да вдомуваат кучиња згрижени во стационарот за да им озбебедат вистински дом и да направат добро дело.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
1 Коментар