Поврзи се со нас

Гостивар

На Светскиот ден на театарот Гостиварски театар започна подготовка на нова претстава, комедија за бракот

Објавено

на

    Гостиварски театар симболично на Меѓународниот ден на театарот, 27 март, отпочна  подготовки на нова претстава, комедијата „Чорба од канаринец“ од авторот Милош Радовиќ. Екипата денес одржа прво читање на текстот, а премиерата според најавите публиката може да ја очекува кон средината на мај.

    „Нема поубав и подобар начин да се одбележи празникот на театарот од почеток на нова претстава. Затоа и решивме првата проба, првото читање на текстот за новата претстава да биде на денешен ден, 27 март“, рече директорот на театарот, Сулејман Рушити.

    Режисерот Игор Ивковиќ откри дека во комедијата како тема се обработува бракот со сите предизвици што ги носи во модерното време.

    „Среќни сме што заедно со една важна актерска екипа, сме на добар пат, имаме материјал и потенцијал да направиме една одлична комедија. Претсавата зборува на тема за и околу бракот, кои теми и дилеми ги отвора во денешно време бракот, предизвиците со деца, животот на брзи кредити итн. Верувам дека на публиката ќе и биде интересно, со оглед дека и пристапот е поинаков, значи со директни обраќања кон гледачите, публиката не е само нем воајер кој ќе набљудува.“, кажа режисерот.

    Оваа година Гостиварски театар од Министерството за култура доби поддршка за три претстави, од кои две на албански и една на македонски јазик и дополнително од општината делумно е поддржана уште една претстава на турски јазик.

    „Чекаме одговор и за петтиот проект за кој првичните информации се позитивни, што значи очекуваме да имаме пет премиери годинава и сите ќе бидат комедии. Во оваа прилика, би сакал да потсетам на нашата кампања „Подари билет, подари насмевка“ преку која сакаме да го вклучиме бизнисот во напорите за проширување на театарската публика. Компаниите може да купуваат колективни билети и да ги подаруваат на свои клиенти и вработени, а за возврат ние ќе ги рекламираме како наши поддржувачи.“, рече Рушити.

    Во комедијата „Чорба од канаринец“ улогите ги играат Ирена Илиевска и Марко Дојоски, сценографијата и костимите се на Бранкица Јорданоска, а музички соработник е Миодраг Костиќ.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Магазинпред 4 часа

    Зошто се кршат јајца на Велигден и што симболизира тоа?

    Македонијапред 6 часа

    Вработените во културните установи без мартовска плата, реагира Синдикатот на култура

    Македонијапред 7 часа

    Од денеска задолжително објавување на цените на веб-страниците на трговците

    Гостиварпред 9 часа

    Ноќеска во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на мотор

    Гостиварпред 10 часа

    Изнесена Светата Плаштеница во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

    Македонијапред 10 часа

    Еден починат од СИДА, еден нов случај и три нови позитивни на ХИВ во март во земјава

    Македонијапред 12 часа

    Викенд временска прогноза

    Светпред 13 часа

    Велики петок – Денот на Христовото распнување, најтежок христијански празник

    Културапред 1 ден

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 5 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 7 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена