Гостивар
Над 30 лица од Гостивар и гостиварско добиле предупредување за неносење маска, марама или шал
Во изминатите неколку дена, полициските службеници контролираат колку се почитува задолжителното носење на заштитна опрема на лицето: маска, шал или марама. Вкупно на полошкото подрачје за прекршување на оваа мерка усно или писмено биле предупредени стотина граѓани, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Од нив, над триесет биле на гостиварските простори.
Во последното деноноќие, пак издадени се 17 предупредувања, сите на лица од тетовско, кои не ги покриле носот и устата со заштита.
Според уредбата на Владата, задолжително е носење на маска, марама или шал во сите затворени јавни места како: маркети, продавници, банки, пошти, чекалници, здравствени установи и при користење на јавен превоз.
На отворен простор, заштита на лицето треба да се носи на пазарите и на места каде нема можност да се одржува физичката дистанца од два метра. Покривање на носот и устата не се задолжителни во двор на сопствените домови, кога се вози велосипед, при индивидуално спортување на отворено и во автомобил со челнови на исто домаќинство.
Властите најавија дека од овој месец ќе се изречуваат и казни за неносење заштитна опрема и тоа во висина од 20 евра.
Казната за фирмите кои нема да обезбедат заштитна опрема за вработените е 2.000 евра, а за одговорното лице на фирмата 1000 евра.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ