Вести Гостивар
Над 30 случаи на напади и навреди на полицајци годинава во Гостивар и Тетово

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи во полошкиот регион годинава заклучно со 1-ви август имало 12 физички напади на полициски службеници, 14 случаи на навредување и омаловажување на полициски службеници како и седум случаи на спречување службено лице во вршење на службени дејствија.
Најголем дел од случаите биле поврзани со регулирање на сообраќајот, контролни активности во угостителски објекти, расчистување на нарушувања на јавниот ред и мир и други безбедносни настани.
Законските казни за ваков вид на дела се опфатени во Кривичниот законик и Законот за јавен ред и мир, а може да бидат парични или затворски.
За напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста затворската казна се движи од 6 месеци до 5 години. Ако на полицискиот службеник му се нанесени тешки телесни повреди, тогаш казната е затвор до 10 години.
Спречување на службено лице во вршење на службена должност се казнува со парична или затворска казна до 3 години.
За навредување или омаловажување на овластено службено лице предвидена е парична глоба од 600 до 800 евра.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја