Гостивар
Над 350 настани и 14.000 посетители во YCC Гостивар, продолжена соработката со Општината
Со потпишување на Меморандум, денес беше продолжена соработката меѓу Центарот за млади и заедницата – YCC и Општина Гостивар, за следните четири години. Центарот е проект на Здружението за унапредување на демократијата Демокраси Лаб, а се реализира во партнерство со локалната самоуправа и Амбасадата на САД.
Од отворањето во 2018-та година до денес, во YCC се организирани над 350 различни настани на кои присуствувале повеќе од 14.000 посетители.
„Центарот се покажа како успешен модел кој им обезбеди на младите и заедницата во целина позитивна алтернатива и значаен ресурс за унапредување на граѓанскиот и младинскиот ангажман, зајакнувањето на локалното граѓанско општество и зголемувањето на одржливоста на заедницата. YCC служи ако безбеден и отворен простор за сите жители на Гостивар. Наша цел е да ги обединиме членовите на заедницата, да ги славиме нашите богати култури и да изградиме поинклузивна заедница“, рече Сефер Селими, извршен директор на Демокраси Лаб.
За успешното функционирање, градоначалникот Арбен Таравари додели благодарница за Центарот.
„Тоа е првиот младински центар што се отвори во Гостивар и за кој имаме добар фид бек од младите кои таму работоат или одржуваат активности. Уште кога почна со работа, ние се заложивме дека ќе помагаме да продолжи да функционира и да ја има поддршката од општината. Се надеваме дека и понатаму ќе продолжат успешно да работат“, рече градоначалникот.
Од YCC најавија дека планираат да ги редизајнираат своите програми и да ангажираат уште повеќе млади луѓе од Гостивар и околината.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница