Поврзи се со нас

Гостивар

Над половина од бебињата внесени во матично во Гостивар лани се родиле во странство

Објавено

на

Поразителниот тренд на иселување на младите кој трае со години, се потврдува и низ официјалните статистики од матичната служба во Гостивар, кадешто се евидентираат новороденчињата.

Минатата година во матичното одделение биле запишани вкупно 1.160 бебиња. Повеќе од половината од нив, биле родени од наши граѓани во некоја странска држава.

„Во текот на 2021 во матичните книги на родени се извршени 1.160 уписи, од кои 594 се уписи врз основа на изводи од странски држави. Има и 10 уписи врз основа на решенија за прием на државјанство. Од вкупниот број уписи 578 се машки бебиња, 582 се женски. 833 се од албанска националност, 92 од македонска, 136 се Турци, 19 Македонски муслимани, 76 од ромска националност и 4 од други националности.“, информира директорката на подрачното матично одделение во Гостивар, Лумније Абдулаи.

Резултатите од Пописот посочија алармантни бројки во однос на намалување на бројот на жители на територијата на Гостивар. Во 2002-ра година вкупната бројак на жители изнесувала 81.042, додека ланскиот Попис покажа резидентни 59.770 граѓани, што е над 21.200 помалку.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена