Македонија
Над половина од корисниците на МојДДВ ги добиле првите пари, останатите до крај на месецов
Управата за јавни приходи информира дека исплатата од повратот на ДДВ од првото тримесечје се уште е во тек, согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица со којшто е предвидено исплатата да се изврши до 31.12.2019 година.
„Воедно апелираме до граѓаните да проверат дали внеле точен број на трансакциска сметка и доколку има потреба навремено да направат корекции преку апликацијата. Досега 15 % поврат од пресметаниот ДДВ за месеците јули, август, септември 2019 година е исплатен кај над 50 % од корисниците“, соопшти УЈП.
Инаку, пред два дена започна и наградната игра „Мој ДДВ- Моја награда„. Со секое скенирање на фискална сметка, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на наградите со вкупен фонд од половина милион евра. Секој ден ќе се доделуваат 10 дневни награди од кои 4 од по 1.000 денари, 3 од по 2.000 денари и 3 од по 3.000 денари. Недобитните сметки од дневниот циклус ќе влезат во месечното извекување за 15 награди од по 100.000 денари како и за двете главни премии од 3.000.000 денари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград