Поврзи се со нас

Македонија

Надлежните апелираат да не се злоупотребуваат термините на Радиологија

Објавено

на

Министерот за здравство Фатмир Меџити и директорката на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија Гордана Антулеска – Белческа, апелираа денеска да не се злоупотребуваат термините за во оваа установа.

Во одговор на новинарско прашање зошто пациенти реагираат дека се чека долго за термин и читање резултати, Антулеска- Белческа рече дека со оглед на капацитетите со кои располагаат во моментот, тие го даваат својот максимум.

Имаме три апарати за магнетна дијагностика, таа е многу интересна и премногу барана, дури и злоупотребена како метода. Мислам дека е тука основниот проблем. Треба да се прави правилна тријажа на пациентите, значи да се утврди кој пациент е итен за магнетна, нему да му дадеме предност. Заради тоа апелирам и кон своите колеги, да направиме правилна тријажа, со цел да им дадеме предност на оние, на кои навистина магнетната резонанца им е неопходна. Во тој случај, ние би биле и далеку поефикасни, истакна таа, одговарајќи на новинарски прашања на денешната промоција на нови апарати на Радиологија.

Кога станува збор за дополнителен кадар, таа информираше дека дел вработувања се реализирани, меѓутоа сѐ уште не се доекипирани.

Министерот Меџити се согласи дека има проблеми во термините на радиологија. Тој кажа оти се случувало на дежурство или во амбуланта, да дојде пациент со петмесечна главоболка и самиот да кажува дали треба да се направи магнет или не.

Заедно со директорите на радиологија, ќе ги заостриме критериуми, работиме во оваа насока како и во сите други насоки. Тоа што ви кажав на почеток дека веќе работиме навистина интензивно и тоа ќе биде новитет и реалност, таа централизација на радиологија што ја кажавме, но, навистина ни треба време за овие работи. Повторно апелирам до граѓаните да не кажуваат на докторите – навистина и тие да сочувствуваат со нас, да знаат точно дека сепак, докторите одлучуваат кој има потреба, а кој не, додаде министерот.

Тој рече и оти во европските земји, во одредено време кога треба кај матичен лекар да се оди, треба со месеци да се чека термин, а ако е итност, за тоа одлучуваат самите стручни лица и лекарите.

Меџити оцени дека има подобрување на оваа состојба и оти не се чекало, како што се чекало порано, потсетувајќи дека Радиологија ќе се реновира и оти тоа ќе придонесе да се олесни ситуацијата со термините.

Тој рече дека сериозно постапуваат како Министерство, со сите колеги на сите установи и работат макотрпно, за да се подобрат овие пропусти и нерегуларности во здравството.

На новинарско прашање дали на специјализанти им се дава да читаат резултати, министерот и директорката одговорија дека тоа е дел од едукацијата, оти работат под надзор, под менторство.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 13 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 15 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 15 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена