Македонија
Награда од 1.000 денари на ловџиите за уловена дива свиња и 3.000 денари на одгледувачите за колење

Владата на денешната седница донесе превентивни мерки за спречување на пренесување на болеста Африканска чума кај свињите.
„Користејќи ги добрите пракси во светот, Министерството за земјоделие на сите ловни друштва кои имаат концесии за ловишта им издаде налог во наредните 10 дена да извршат отстрел на 50% од планираниот лов на дивите свињи кои гравитираат во ловиштата на годишно ниво. За секое заловено грло, освен месото, доколку е животното здраво, ќе се исплати и награда од 1000 денари по грло на ловџијата. Доколку ловните друштва не успеат да го исполнат предвидениот процент, ќе се применат порадикални мерки. Во ловиштата за кои нема избрано концесионер, а кои се на граничните региони со Република Бугарија и Република Србија, Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија во наредните три дена ќе направат оперативен план за отстрел на диви свињи, за да се намали ризикот за пренос на болеста. За свињите кои се чуваат во приватни одгледувалишта, граѓаните во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство ќе треба интервентно да ги заколат грлата кои ги чуваат, а за секое грло ќе добијат надоместок од 3.000 денари, бидејќи на некој начин се приморани предвремено да ги заколат свињите. Вкупните трошоци предвидени за поддршка на граѓаните се превидени во висина од околу 65 милиони денари“, изјави вице премиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Африканската чума се пренесува само кај свињите, нема соодветен лек или вакцина за неа, и е смртоносна за овој вид на животно. Пренесувањето се случува со директен контакт помеѓу две грла, но и преку инсекти и заразена храна за стоката.
„Доколку се појави, тоа би значело голем проблем за производството и обработката на свинското месо и уништување на оваа индустрија. Ефектите во економијата би биле катастрофални, со директна штета помеѓу 50-60 милиони евра, за производство и обработка на свинско месо, а со индиректните штети, во кои се вклучени и производството на храна за животните и други негативни ефекти, финансиската штета би достигнала до 100 милиони евра на годишно ниво. Проблемот не би завршил тука, станува збор за повеќегодишен проблем, со оглед на тоа дека би требало да се истребат сите свињи, а производството би можело да биде обновено за 2-3 години“, појасни Анѓушев.
Агенцијата за храна и ветеринарство ќе забрани трговија со живи свињи на сточните пазари, додека Царинската управа ќе ги засили контролите на сувомеснати производи во рамките на патничкиот сообраќај.
Во земјата има околу 125 илјади грла, од кои околу 100 илјади се одгледуваат во фарми со високи био сигурносни мерки, 18 илјади се во фарми со пониско ниво или без био сигурносни мерки, додека постојат и 8 илјади диви свињи, кои би можело да бидат и најризична категорија за пренос на болеста, со оглед на тоа дека се движат непречено.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите