Вести
Наградено семејството кое донираше опрема од 300 илјади евра за болницата во Гостивар
Семејството Фејзулаи, иселеници во Норвешка кои донираа вредна опрема за општата болница во Гостивар, се закитија со награда за филантропија ОКО. Признанијата за филантропија ги доделува организацијата Хорус, а семејството со гостиварско потекло беше наградено поради хуманиот гест со кој придонесе за подобрување на условите за пациентите во гостиварската болница.
Фејзулаи лани во јули за медицинската установа донираа разна опрема, апарати, медицински помагала и слично во вкупна вредност од околу 300 илјади евра.
Во таа прилика, еден од членовите на семејството донатори, Ментор Фејзулаи кој и самиот по професија е лекар, рече дека идејата да помогне на гостиварската болница се родила уште додека студирал медицина. „ Ние како лекари секогаш треба да бидеме хумани. Ние даваме заклетва дека медицината не познава граници, раси, нација, туку дека треба да се ставиме во служба на сите луѓе“, изјави тогаш, Ментор Фејзулаи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград