Поврзи се со нас

Македонија

Најавен протест во здравството ако платата не се исплати согласно Законот за минималец

Објавено

на

Правилно и законски да се исплати платата, согласно Законот за минимална плата, побара Независниот синдикат на здравствени работници, административен технички персонал и технички персонал (НСЗР), на денешната прес-конференција.

„Во преодните и завршни одредби во Законот за минимална плата е наведено дека колективните договори треба да се усогласат во рок од шест месеци. Од причина што колективниот договор за здравствена дејност не е усогласен со законот за минимална плата, освен за работните места со најнизок степен на сложеност, бараме како основа за пресметка на платата на здравствените работници, да биде минималната плата, помножена со коефициентот на работното место. Ова наше барање е основано и во согласност со Законот за минимална плата“, појасни Боби Бојчевски, национален координатор на Независниот синдикат.

Синдикатот најавува протести доколку нема усогласување на платите со минималната плата. Протестите би биле за време на паузи и би се работеле само итните случаи. Што од ова ќе биде спроведено, зависи како ќе се договорат претставниците на синдикалната организација овие денови.

„Да не се игра со чувствата на вработените во здравството, уште еднаш да не бидеме изманипулирани, бараме правилно и законски да се исплати платата согласно со законот за минимална плата. Ова наше барање е основано и во согласност со законот за минимална плата“, нагласи Бојчевски.

Кристина Олевска, претседателка на Независниот синдикат од ГОБ „8 Септември“ и медицинска сестра на Интервентна радиологија, посочи на проблемот со лицата кои работат со договор на дело и по 13 години. Според неа, станува збор за долгогодишен проблем.

„Ако не се реши овој  проблем, сметаме дека голем проблем ќе биде во понатамошното функционирање поради тоа што тие се дел од секојдневната здравствена услуга, во амбулантите, поликлиниките и болниците, каде во услови на многу голем недостаток на персонал, еден вработен работи за тројца“, рече Олевска.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Влегол во плацот за подигнати возила од „пајакот“ и одзел автомобил

Здравје и убавинапред 3 недели

Која храна е богата со колаген и треба да ја јадеме секојдневно?

Гостиварпред 2 недели

Гостиварец ја пријавил сопругата за напад, регистрирани и други случаи на семејно насилство

Гостиварпред 3 недели

Прекин на водата во Малеарди, населба Млаки и дел од село Дебреше

Гостиварпред 2 недели

Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот

Гостиварпред 2 недели

Малолетник од Гостивар пријавил вознемирувачки случај, лице го наведувало на полови односи

Гостиварпред 2 недели

Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо

Гостиварпред 3 недели

Несреќа кај Ростуше, повредени повеќе лица

Гостиварпред 1 недела

Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате

Гостиварпред 2 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 6 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 6 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 8 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 9 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 9 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 9 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 година

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 година

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена