Поврзи се со нас

Вести

НАЈЧИТАНИ ВО 2021: Три дами од Гостивар откриваат како пандемијата им влијаеше врз животот

Објавено

на

    На крајот сме од оваа 2021 година и редно е да се потсетиме на најинтересните и најчитаните текстови на Gostivarpress.mk од 1 јануари, па се до денеска (без хроника и ковид). 

    Во следните три дена, целосно ќе ги реобјавиме 10-те најчитаните прилози, да се потсетиме што беше тоа што најмногу го привлече вашето внимание…


    Објавено на: на Мар 19, 2021

    Земајќи го како повод датумот 19 март, ден на кој лани беше потврден првиот корона позитивен пациент во Гостивар, побаравме од три дами да ни откријат како ковидот им го промени животот, успеале ли да научат некои работи изминатата година дена, што најмногу им недостига и слично.

    Дафина Стојаноска, пратеничка:

    Мислам дека пандемијата влијаеше врз животот на секој човек, без разлика на возраст, на пол, на професија и било каква определба. Мислам дека многу работи ги научивме – најпрво дека треба да се згрижиме, не само за сопственото туку и за здравјето на нашиот близок, семејството, колегата, соседот. Дека треба да се однесуваме доста поодговорно, да внимаваме и да го почитуваме она што ќе се пропише како закон, како правило, уредба бидејќи без нашите морални обврски и одговорности, гледаме што се случува. Мислам дека треба многу посериозни да бидеме, ова не е нешто што се случувало во минатото и со кое сме имале пракса. Ново е и многу е сериозно, опасно, однесе многу жртви, многу луѓе починаа и од Гостивар. Лично многу ми се промени животот. Мене пандемијата ме затекна во период кога Парламентот беше распуштен, и напочеток, да бидам искрена малку и ми годеше, што останав дома, бидејќи долго време не сум се нашла во состојба да можам да поминувам повеќе време во мојот дом, со моето семејство и таа промена ми дојде добро. Но, општо за социјалниот живот, за психичката состојба мислам дека кај сите влијаеше негативно. Сепак, ете некако се вративме на тие семејни, традиционални вредности, се потсетивме на тоа дека семејниот ручек, не е само ручек, туку кога се собира семејството значи нешто многу повеќе. Затоа велам, во секое лошо да се гледа и добрата страна.

    Шпреса Усеини, директорка на ООУ „Исмаил Ќемали“ – Гостивар

    На сите нас ни недостига времето кога слободно ќе си седневме на кафе со пријатели, без маски, ќе се поздравевме со ракување, како што сме правеле цел живот. Ништо не е онака како што беше, но мора да се навикнуваме и да почитуваме мерки, заради здравјето на сите. На децата најмногу им недостига социјализацијата, присуството во училиштето, дружењето и мислам дека оваа ситуација многу негативно им влијае. Образованиот процес е многу тежок, кога треба да се организира со онлајн настава. Училиштето не може ништо да го замени. Почетокот на пандемијата за нас беше многу тежок, не знаевме ништо за вирусот, само бевме информирани дека како училишта ќе треба да работиме под посебни протоколи, носење на маски, често миење раце, дезинфекција и што повеќе да ги намалиме и приватните контакти. Со тек на време пак, гледаме, дека и тоа многу не влијае, дека најважно е да ги добиеме вакцините и сите ние да можеме да ги извршуваме нашите обврски во нормални услови. Не е исто наставата да се одржува од дома, и да се одржува од училиште. Училиштето е местото каде треба да бидат секој ученик и наставник присутни. Голем број родители и семејства знаат дека сакале-не сакале, онлајн наставата ќе продолжи до крај на годината, но тоа не значи дека сме ги исполниле сите услови и дека учебната година ќе ни биде 100% како што треба реализирана. Како што е во случај со физичко присуство.

    Арта Биљали Зендели, пратеничка:

    Најлошата страна и најтемната на оваа пандемија е што се шири низ цел свет, никој не е поштеден од ковид -19. Сите луѓе подеднакво се загрозени, сите чувствуваат страв, но од друга страна пак, учиме дека сите сме еднакви. Пандемијата не штедеше никого, ни развиените, ни неразвиените, ни земјите во развој. Тоа е една лекција која современата цивилизација треба да ја научи, дека во одреден момент без разлика кои сме, каде живееме, како живееме сите може да бидеме загрозени од една иста работа. Што се однесува лично до мене, за среќа до сега сум успеала да го сочувам здравјето, ги почитувам мерките колку е што можно повеќе, ете можеби и самиот имунитет на организамот има улога за тоа. Но, сепак ништо не е исто, пандемијата наметна многу ограничувања. Најмногу што ми недостигаше мене во време на забраните за групирање на луѓето, беа амфитеатрите полни со студенти. Работевме онлајн, но тоа не е тоа. Кога  предаваш истовремено им читаш од очите на студентите дали разбираат или не, а онлајн предавањето се далеку од тоа. Исто така, неубаво ми паѓа што кога одам да ги носам децата во училиште, во најголемото училиште во градот гледам дека нема ни 20 ученици и тоа навистина боли. Се надевам дека што побргу ќе излеземе од оваа пандемија, се надевам дека луѓето сфатија кои се препораките, што треба да правиме, за ако сосема да исчезне барем да се стави под контрола вирусот. Да бидеме свесни дека треба носење маска, држење дистанца и лична хигиена.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Културапред 3 часа

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Занимливостипред 4 часа

    Бумери и Gen Z -две генерации, два света

    Гостиварпред 6 часа

    Засилени контроли во Гостивар: Санкционирани 61 прекршок за еден ден

    Македонијапред 7 часа

    Почина 24 годишно момче, пожарот во Кочани ја зеде шеесет и втората жртва

    Гостиварпред 9 часа

    Средба на полицијата и црковните лица во Гостивар во пресрет на Велигден

    Културапред 10 часа

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Македонијапред 11 часа

    Аптеките да не мора да ги објавуваат цените онлајн, бара Здружението на приватни аптеки

    Светпред 16 часа

    Велики четврток, пред изгрејсонце вапсани првите велигденски јајца!

    Магазинпред 1 ден

    Кога мислите нè мамат – 4 начини на размислување што ни прават штета

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 5 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 6 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Македонијапред 4 недели

    Раководител од Општина Маврово и Ростуше фатен при примање поткуп од 13.000 евра

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Рецептипред 2 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена