Здравје и убавина
Намирници богати со магнезиум

Магнезиумот со право се нарекува минерал на животот бидејќи без него нашето тело не би можело да направи никакво движење. Тој е клучен за функционирањето на нервниот систем и мускулите, но кај повеќе возрасни недостасува. Недостатокот на магнезиум може да предизвика гадење, повраќање, губење на свеста и апетит. За да го зголемите внесот на магнезиум, во продолжение следуваат намирници кои се богати со овој минерал.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови во денешно време се сметаат за супер храна. Тие се богати со здрави масти и хранливи материи, особено витамин Е, фолна киселина, магнезиум, аминокиселини и сето тоа е решение да се намали можноста за срцеви заболувања.
Разни семиња
Семките може да се стават во утринското смути, салата или во некое пециво. Семките од тиква го штитат организмот од разни болести, чиа семето содржи големи количини на протеини, магнезиум, железо и витамин Ц, а лененото цеме го намалува апетитот и го запира зголемувањето на крвниот притисок.
Банана
Бананата содржи 43 мг магнезиум. Ова овошје е богато со витамини Б6 и Б12 и калиум, кои го регулираат нивото на натриум во крвта. Комбинацијата на калиум и магнезиум е одлична за спортистите, бидејќи ја намалува болката и грчевите во мускулите.
Овесна каша
Наместо житарки или јајца, овесната каша е идеална идеја за појадок , со тоа што го намалува внесот на холестерол. Овесот е одличен извор на добри јаглехидрати кои помагаат во балансирање на нивото на шеќер во крвта. Богата е со магнезиум, железо, калциум и витамините Б и Е.
Грашок
Грашокот содржи 33 мг магнезиум и е богат извор на енергија. Содржи витамини Ц, Е и витамин А. Како одличен извор на влакна, помага во одржување и зачувување на дигестивниот систем и подобрување на варењето на храната.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо