Гостивар
Насилство во Гостивар како на филм-Го нападнал на игралиште, па насилно го внел во возило

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд достави Обвинителен предлог против 25-годишен гостиварец, за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
„Обвинетиот на 31 јануари 2021 година, околу 16:30 часот во Гостивар, ја загрозил сигурноста на оштетениот вршејќи грубо насилство, предизвикувајќи во јавноста чувство на несигурност, загрозување и страв. Имено, обвинетиот му се јавил на оштетениот и го повикал да се сретнат кај игралиште во населба Малеарди. Откако оштетениот пристигнал, обвинетиот го нападнал со тупаници и клоци по главата и телото. Потоа обвинетиот насилно го внел оштетениот во своето возило и започнал да се движи по патот, постојано удирајќи го оштетениот со тупаници, заканувајќи се дека ќе го однесе во блиската шума каде ќе го тепа со дрво и шипка. Движејќи се со возилото, по пат ги пресретнал таткото на обвинетиот. Но и покрај тоа што татко му се спротивставил на насилството, обвинетиот продолжил да го удира оштетениот. Во тој момент оштетениот, кој од ударите се здобил со телесни повреди, успеал да избега од самото место.“, соопшти обвинителството.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година