Поврзи се со нас

Гостивар

Не правете лудории со возилата, апелира полицијата-Во Гостивар фатен возач со над 2 промили алкохол во крвта

Објавено

на

Од полноќ до 5 часот утринава СВР Тетово спроведе контрола на возачи – дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол, при што бил констатиран вкупно 21 прекршок, од кои 13 на тетовското и осум на гостиварското подрачје. Кај еден од возачите на гостиварското подрачје измерени се над 2 промили алкохол во крвта.

„Со оглед  на тоа дека на тетовско-гостиварското подрачје во полн ек е сезоната на свадбени и други семејни свечености, фестивали на отворено и други музички забави на младите, СВР Тетово повторно апелира до возачите да избегнуваат консумирање алкохолни пијалаци доколку возат, зашто алкохолот ја намалува нивната способност за управување, концентрацијата и ја доведува во сериозен ризик нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Се апелира, исто така, да не возат пребрзо и да се воздржат од чкрипење и други ноќни лудории со возилата на кружни текови и слично. СВР Тетово без исклучоци ќе ги санкционира сите прекршоци, а нерегистрираните возила повеќе од шест месеци и премногу бучните времено ќе ги одзема на 90 дена. Истото се однесува и на мотоциклите“, порача портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Сите возачи-прекршители во утринската акција веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени нивните возачки дозволи, а изготвени им се и законски предвидените поднесоци.

Глобите за овој вид прекршок согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, зависно од степенот на констатираната алкохолизираност, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност со мерка  – одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.  

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена